О да, секако дека постојат работи кои несвесно ги прават мажите и со тоа ја уништуваат целата претстава што се случува во креветот. Не слушање на желбите на партнерката или недостатокот на хигиена се само дел од нив.
1. Мисли дека знае се!
Она што жените најчесто го истакнуваат како проблем кај своите партнери е токму оваа реченица. Таа се повторува и во секојденвниот живот и во креветот. Самото его на мажот е преголемо и нема место за желбите и идеите на жената. Мажите сексуалниот однос го земаат здраво за готово и секој обид да се дискутира за деталите околу сексот завршува со – “Јас знам повеќе од неа”.
2. Секс без предигра
Жените сакаат предигра и колку побрзо го сфатат ова мажите, толку подобро за сите. Осипувањето со бакнежи и милувањата се еднакво важни за жените колку и самиот однос. Но мажите често го занемаруваат овој факт, пробувајќи што побрзо да стигнат до самиот чин.
3. Хигиена
Мрзливоста кај мажите често се рефлектира и во креветот. Они мириси што за мажите претставуваат маженственост не се воопшто привлечни за жената! Изгледот на полуголо машко испотено тело е секси само од далеку или на филмското платно, но кога сте во кревет, жената секогаш преферира чисто, негувано и миризливо тело.
4. Ќутливост
Тишината додека траат игрите во креветот и нежните бакнежи е практика која ја обожаваат мажите, но жените сакаат поинакви работи. Нежното шепотење е важно колку и предиграта! Затоа е време да ја отворите устата во кревет и зборовите полека ќе го најдат својот пат до увото на партнерката.
Погледнете ги и следниве статии:
Како да препознаете лажен оргазам?
Приредете му оргазам за паметење
Зошто жените преферираат секс под дејство на алкохол?
Пронајдете не на следниве мрежи: