Седум случаи на маларија во Албанија

Седум случаи на заболени од маларија се регистрирани во Албанија, за првпат по 1970 година, јави дописникот на Макфакс.

Според Димитар Краја, прв човек на Инфективното одделение на Државната болница во Тирана, овие случаи се регистрирани во последно време.

Краја оваа информација ја изнесе на конференција што се одржува во Тирана, на тема „Инфективните болести во Албанија“.

Според него, сите податоци говорат дека појавата на маларија е внесена од Грција и Италија.

На конференцијата е нагласено дека Албанија треба да преземе мерки за зајакнување на граничните контроли на лица кои се заболени од маларија, а доаѓаат од двете соседни земји.

На истата конференција е изнесен и податокот дека во Албанија се регистрирани и четири случаи на заболени од западнонилска треска, но сите се во добра здравствена состојба.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: