Германија бара Србија да потпише договор за нормализација на односите со Косово

Барањето Србија да потпише некој вид договор или меморандум со Косово за нормализација на меѓусебните односи би можело да се најде и во заклучоците на Европската комисија(ЕК), што ќе бидат објавени на 10 октомври.

Како што дознава „Блиц“ од дипломатски извори во Брисел, германскиот притисок во официјалниот документ на ЕК да се вметне нов услов за Србија поврзан со натамошниот напредок во европските интеграции е многу засилен во последно време.

Заклучоците, односно препораките на ЕК сè уште не добиле дефинитивен облик, но изворите на „Блиц“ тврдат дека во нацрт документот, на барање на Германија, е вметната обврската Србија за нормализација на односите со Косово да се обврзе во писмена форма.

Од кабинетот на еврокомесарот Штефан Филе ниту потврдуваат, ниту ја демантираат оваа информација.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: