Новак Ѓоковиќ ја освои титулата на Мастерс турнирот во Пекинг, откако во финалето го победи Жо-Вилфред Цонга. Ѓоковиќ, до својата трета титула во исто толку настапи во Пекинг, стигна по 100 минути игра.
До својата 32-ра титула во кариерата тој стигна со резултат 7:6, 6:2. Вториот на АТП листата во Пекинг освои 500 бодови и ја намали предноста на водечкиот Федерер на 835 бодови.
Тениската елита, од понеделник се сели на Мастерсот во Шангај, титулата ја брани Енди Мареј, а покрај Британецот учеството го потврдија Федерер и Ѓоковиќ.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: