Една лажна вест со наслов „Излезете надвор од дома, се предвидува силен земјотрес. Еве во колку часот“, предизвика синоќа невидена паника кај жителите на Тирана, Драч и Елбасан кои излегоа од нивните домови.
Веста беше објавена веднаш по силниот земјотрес кој ја погоди Албанија синоќа пет минути после 22 часот со јачина 4,5 степени според Рихтер, а со епицентар 7 километри северо-западно од Валона и 20 километри од Тирана.
Веднаш по веста реагираше албанскиот премиер Еди Рама преку Фејсбук дека станува збор за лажна вест и дека „секој идиот кој пишува за предвидувања на земјотреси треба да се игнорира“. Реагираше и Министерството за внатрешни работи преку прес-конференција со цел да ги смири граѓаните кои испаничени до доцна вечерта чекаа низ улиците.