Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Дневните температури ќе се движат од 23 до 32 степена.
До среда во земјава ќе се задржи сончево и топло време со релативно високи дневни температури.
Во четврток во попладневните часови, во текот на ноќта и во петок ќе има врнежи од дожд кои повремено ќе се поинтензивни и локално со појава на грмежи.
Во северните делови ќе започне да дува засилен северен ветер, кој ќе се прошири насекаде и ќе предизвика значително опаѓање на температурата, најизразено во петок.