Кипарската Влада се обрати кон кредиторите на Европската унија со барање за итна финансиска помош во износ од 14 милијади долари, јави БТА.
Средствата се потребни за зголемување на капиталот на кипарските банки, а помошта ќе биде наменета и за намалување на буџетскиот дефицит на Кипар.
Антикризната програма за Кипар е разработена од „тројката“ меѓународни кредитори, Европската централна банка, Меѓународниот монетарен фонд и Европската комисија.
Кипар во ноември треба на кредиторите да им исплати 751 милион евра, но Владата не располага со средства за да го подмири долгот. Кипар на кредиторите до крајот на 2015 година треба да им исплати вкупно шест милијарди евра.
Пронајдете не на следниве мрежи: