Од Србија зависи дали ќе ѝ остане безвизниот режим

Од властите во Србија и од нејзините најодговорни политичари зависи дали земјата повторно ќе биде ставена на црната шенгенска листа, изјави во неделата известителката за визната либерализација на Европскиот парламент, Тања Фајон.

„Многу заеднички направивме за денес да имаме безвизен режим за граѓаните на Србија, и се надевам дека ништо во иднина тоа нема да го промени, Ном, тоа сепак најмногу зависи од властите во Србија и најодговорните политичари во земјата“, изјави словенечката европратеничка за новосадскиот весник Дневник.

Појаснува дека сѐ уште не постои механизам за привремено суспендирање на безвизниот режим , но дека до крајот на годината ќе постои, а причината за тоа е сѐ поголемиот број лажни азиланти кои пристигнуваат во ЕУ од поедини земји, меѓу кои е и Србија,

Белградскиот весник Данас, пак, повикувајќи се на извори од Бирото за внатрешни работи на еВропската унија, тврди дека засега ниедна членка на ЕУ не упатила барање за повторно воведување на визите за Македонија и Србија.

Прашањето за барање на тешко стекнатата повластица во либерализацијата на визниот режим воведена пред неполни три години, го покренаа во Христијанско-демократската унија (CDU) на германската канцеларка Ангела Меркел, кога итно преиспитување на безвизниот режим за Србија и за Македонија го побара претседателот на Комисијата за внатрешна политика на Бундестагот, демохристијанинот Волфганг Босбах.

Своето барање Босбах го објасни со сознанијата дека сѐ повеќе лица бараат азил не поради политички прогон, туку за да стекнат право на исплата од државните фондови за социјална помош.

Германскиот весник Die Welt минатата седмица предупреди дека бројот на азилантите од Македонија и Србија коишто доаѓаат во Германија и натаму расте, а како причини повеќето ги навеле атрактивните социјални давачки, кои ги надминуваат просечните плати во Србија и во Македонија.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: