Предмети на Џејмс Бонд продадени за 600 илјади фунти

Loading...

Група предмети користени во филмовите за тајниот британски агент Џејмс Бонд, меѓу кои и славниот автомобил, гаќички за капење, костум и рачен часовник, се продадени за повеќе од 600 илјади фунти.

Надавањето организирано од аукциската куќа Christie's во петокот во Лондон, имало цел да се соберат средства коишто ќе бидат наменети за дванаесетина хуманитарни организации.

Костумот од син лен од марката Том Форд што го носеше Даниел Крејг во новиот филм од серијалот за Џејмс Бонд „Skyfall“ кој ќе почне да се прикажува во кината од 24-ти октомври, е продаден за 46.850 фунти. Првично, костумот беше проценет на две до три илјади фунти.

„Ѕвезда“ на аукција беше црниот автомобил „астон мартин ДБС“, кој Даниел Крејг го возеше во првиот кадар од автомобилската брканица по италијанските патишта во филмот „Зрно на утехата“ (Quantum of Solace) од 2008 година. Автомобилот првично проценет на 100 до 150 илјади фунти (125 до 190 илјади евра) е купен за 241 илјади фунти.

Предметите се продадени на последниот ден од аукцијата којашто започна 28-ми септември по повод 50-годишнината од почетокот на филмските авантури на тајниот агент 007.

Макфакс

loading...
Loading...