Преставници од над 200 европски градови и региони ќе учествуваат на Отворените денови на Комитетот на региони, што од 8-ми до 11-ти октомври ќе се одржи во Брисел.
Станува збор за клучен годишен настан за националните, регионалните и локалните власти од Европската Унија на кој се дискутира за кохезивната политика на Европската Унија, резултатите и нејзината иднина.
Настанот доаѓа во критичен момент за иднината на регионалната политика на унијата. Разговорите за буџетот на Европската Унија влегуваат во завршна фаза, додека предлозите за тоа како да се реформира управувањето на структурните фондови се на маса. Настанот е можност над 6.000 преставници од цела Европа да се приклучат на повикот за силна Регионална Политика, усогласена со буџетот.
Херман Ван Ромпуј, претседателот на Европскиот Совет, Жозе Мануел Баросо, претседател на Европската Комисија и Мартин Шулц, претседателот на Европскиот Парламент ќе ја отворат четиридневната дебата. Домаќини на настанот се Јоханес Хан, Комесар за регионална политика, и Рамон Луис Валкарсел, Претседател на Комитетот на региони, кои ќе учествуваат на дебатата на високо ниво за централната улога на европската Кохезивна политика во европското економско заздравување.
„Отворените денови 2012 доаѓа во клучен момент за иднината на нашите политики. Нашите регионални партнери имаат шанса да им се чуе гласот во овој решавачки момент. Комисијата го стави својот предлог на маса и е одлучна да го одбрани. Имаме иделна алатка на располагање за да се соочиме со кризата и сме посветени на меѓусебното помагање и секој регион во ЕУ го прави тоа. Но, ни треба реален буџет за ЕУ фондовите да се во функција на растот, и највеќе од се да креираат работа и надеж“, вели комесарот Хан.
„Не постои излез од кризата или економско заздравување без силна кохезиона политика, наменети за сите ЕУ региони. Во ваквата деликатна фаза во разговорите за ЕУ буџетот, Отворените денови ќе помогнат ова јасно да се стави до знаење преку презентирање на конкретни примери како регионите и градовите го поддржуваат одржжливиот раст преку структурните фондови. За Комитетот за региони ова, исто така, е шанса да се направат видливи и достапни резултатите од интензивните активности во насока на подобрување на целите Европа 2020“, вели Валкарсел.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: