Чавез повторно избран за претседател на Венецуела

Кандидатот на левицата Уго Чавез повторно е избран за претседател на Венецуела со 54,42 отсто од гласовите, пред кандидатот на опозицијата Енрике Радонски Каприљес кој освои 44.97 отсто од гласовите на избирачите, по пребројани 90 отсто од избирачкиот материјал.

По објавувањето на резултатите од претседателските избори кои се одржаа во неделата, приврзаниците на Уго Чавез кој е на власт од 1999 година, излегоа на улиците и победата ја прославуваа со огномети, пренесуваат агенциите.

Лидерот на обединетата за овие избори венецуелска опозиција Енрике Каприљес го прифати поразот и му честиташе на социјалистичкиот кандидат Чавез на повторниот избор за претседател на државата.

„Му ги испраќам своите честитки“, изјави Каприљес пред своите приврзаници во својот изборен штаба, а како што пренесуваат медиуми, изгледал многу потиштен, но истакнал дека е горд на големиот број избирачи коишто се решиле да го дадат својот глас за него.

Веднаш во соопштувањето на резултатите од претседателските избори во Венецуела, тројцата челници на латиноамериканската левица, аргентинската претседателка Кристине Киршнер. Еквадорскиот претседател Рафаел Кореа и боливискиот Ево Моралес, изразија голем задоволство од повторната победа на Уго Чавез.

Меѓу првите кои на Чавез му го честиташе новиот претседателски мандат беше аргентинската претседателка Кристине Киршнер, која на својот профил на микроблогот Twitter напиша „Уго, сакам денеска да ти кажам дека го ожнеа она што го изора, посеа и залеваше“.

Во Кито, еквадорскиот претседател Рафаел Кореа, социјалисти, исто така му честиташе на својот венецуелски идеолошки колега со кој е многу близок.

„Чавез победи со речиси десет отсто предност! Да живее Венецуела, да живее големата татковина, да живее Боливарската револуција“, порача Корае на својата страница на Twitter.

Боливискиот претседател Ево Моралес, уште еден близок сојузник на Уго Чавез, го пофали „триумфот  на демократијата“ во Венецуеала , во телеграмата што ја пренесува официјалната боливиска агенција. „Победата на Чавез е воедно победа на сите народи на Латинска Америка кои се борат за своето достоинство, суверенитет и судбина“, оцени Моралес.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: