Албанската полиција доцна синоќа откри и заплени 100 килограми дрога од типот марихуана на граничниот премин со Црна Гора, Хани Хотит.
Дрогата е пронајдена кај еден државјанин на Романија, а била спакувана и сокриена во неговото возило.
Кај Романецот бил пронајден и еден италијански личен документ, од кој се гледа дека тој работел во Италија.
Романецот бил откриен на граничниот премин со Црна Гора, по неговото влегување во Албанија .
Полицијата не соопшти други детали во интерес на истрагата.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: