Запленети 100 кг. дрога во Албанија

Loading...

Албанската полиција  доцна синоќа  откри и заплени 100 килограми дрога од типот марихуана  на граничниот премин со Црна Гора,  Хани Хотит.

Дрогата е пронајдена кај еден државјанин на Романија, а била спакувана и сокриена во неговото возило.

Кај Романецот бил пронајден и еден  италијански  личен  документ, од кој се гледа дека тој работел во Италија.

Романецот  бил откриен на граничниот премин со Црна Гора, по неговото влегување во Албанија .

Полицијата не соопшти други детали  во интерес на истрагата.

Макфакс

loading...
Loading...