САД: Најмалку седум починати од менингитис поради заразен лек

Loading...

Најмалку седум лица починаа од менингитис во Соединетите Американски Држави (САД), а 91 се заболени од болеста откако примиле инјекции. 

Случаите на габичен менингитис биле дијагностицирани во девет сојузни држави, објави Центарот за надзор и превенција на болести (CDC). Најмногу е погодена државата Тенеси, на југот на САД, каде се регистрирани 32 заболени габичен менингитс, при што три лица починаа.

CDC  ги повика докторите да стапат  во контакт со пациентите кои по 21 мај во над 20 американски држави примиле доза на зарезените стероиди, кои воглавно се користат за лекување на болки во грбот.

Макфакс

loading...
Loading...