Јелавиќ: Македонците се незгодни, но не се вонземјани

Репрезентацијата на Хрватска ќе биде противникот на Македонија на 12-ти октомври во натпреварот од третото квалификациско коло за пласман на СП 2014.

Овие две селекции пред еден месец во Загреб го одиграа својот прв натпревар, кој со гол го реши Никица Јелавиќ во 69-та минута. 

Напаѓачот на Евертон игра во одлична форма, за Sportske novosti изјави дека натпреварот со Македонија во Скопје е значаен за неговата репрезентација, но не и клучен во овој дел од квалификациите. 

„За нас секој натпревар е клучен. Едноставно не смееме и немаме право на кикс. Нашата група е исклучително тешка и секој освоен бод е драгоцен. Во моментов трите водечки репрезентации имаат ист број бодови, што зборува за тоа колку е израмнета оваа група“, вели Јелавиќ, кој смета дека натпреварот во Скопје ќе биде потежок од оној во Загреб и дека Хрватска квалитетот ќе треба да го покаже на теренот. 

„Натпреварот ќе биде тежок, тоа мора да го знаат сите, за конечниот победник се прашува и Македонија. Оваа репрезентација заслужува респект, знакот за предупредување мора да биде истакнат. Лично верувам во успех. Македонците се незгодни во секој поглед, но не се вонземјани“, вели Јелавиќ.

 

Макфакс

извор: sportske novosti

Пронајдете не на следниве мрежи: