Србија против Белгија и Македонија без првиот голман

 

Селекторот на фудбалската репрезентација на Србија, Синиша Михајловиќ, во пресрет на квалификационите натпревари, кои неговиот тим ќе ги одигра против Белгија и Македонија, остана без првиот голман Владимир Стојковиќ.

Голманот на Партизан, на натпреварот со Јавор, одигран во Белград, при еден дуел со противнички играч се здобил со фрактура на клучната коска. 

Неизвесно е колкава пауза го очекува Стојковиќ, а српскиот селектор веќе го повика во националниот тим Бојан Јоргачевиќ. 

Извесно е дека прв голман на Србија, на мечевите со Белгија во Белград (12. октомври) и Македонија во Скопје (16. октомври) ќе биде чуварот на мрежата на Удинезе, Жељко Бркиќ.

 

Макфакс

извор: sportska centrala

Пронајдете не на следниве мрежи: