Бугарија не го менува ДДВ-то за лековите

Нема да има диференцијална стапка на данокот за додадена вредност (ДДВ) во Бугарија, туку тоа ќе биде разгледувано при изготвувањето на буџетот за 2014 година, изјави во понеделникот министерката за здравство Десислава Атанасова.

Повод за нејзината изјава, како што забележува агенцијата Бгенс, е ревизијата побарана од пратениците за цените на лековите. Министерката Атанасова изјави дека нема приговор на извештајот, како и дека самиот извештај ќе биде разгледан во Народното собрание (парламентот). Таа потсети на регулативата која не дозволуваше да се договараат отстапки за сите лекови и која веќе е променета. „Речиси ги исполнивме препораките за министерството за здравство, а кон за владата има препорака да се намали ДДВ-то на лековите“, истакна Атанасова.

Меѓутоа, при пресметките направени во министерството за финансии, се покажало дека не е можно тоа да се направи, имајќи ги предвид буџетските средства за следната година, соопшти министерката.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: