Поранешен политички затвореник се самозапали во Тирана

Еден од организаторите на штрајкот со глад на поранешните политички затвореници во Албанија Ѓерѓ Ндрецај во понеделник изутрината се самозапали со бензин, но потоа беше спасен од страна на неговите другари кои се во штрајк 16 дена.

Инцидентот се случи пред  да започне протестот на поранешните политички затвореници пред Собранието и Владата на Албанија.

Тој се запалил во знак на револтот што Владата на Сали Бериша не ги исплатува штетите за категоријата на бивши политички затвореници кои биле по затворите на комунистичкиот систем на Енвер Хоџа.

Потоа следеа протести на групата на поранешни политички затвореници пред Собранието  на Албанија. На протестот  се извикувани пароли против премиерот Бериша.

Претставникот на бившите политички затвореници Скендер Туфа, изјави дека бившите политички затвореници бараат исплата на штетите за секоја мината година во затвор.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: