”Од Рим, со љубов”

Откако Вуди Ален не воодушеви сите со неговиот последен филм за париската приказна, 'Midnight in Paris', во кината стигна уште еден негов филм од европската разгледница, овој пат збогатена со магичниот Рим. Приказната се одвива во прекрасниот Рим. Запознајте го обичниот работник кој се буди како ѕвезда, архитект кој се враќа во младоста на улица на која живеел како млад, брачен пар на меден месец, фрустриран оперски режисер кој доаѓа да го запознае свршеникот на неговата ќерка и сосема случајно открива неверојатно талентиран пеач кој никогаш до сега не настапувал. Режисерот и воедно актерот кој се појавува во овој филм, Вуди Ален како и во претходниот филм 'Midhnight in Paris', ни ја прикажува романтичната и волшебната страна на европските градови. Покрај талентираните актери како што се Пенелопи Круз,Роберто Бенини, Алек Болдвин, тој ни пружа првокласно филмско патување од кое ќе се вратите полни со импресии. 

 

 

 

 

 

 

 

 

Ви ги предлагаме следниве статии:

Адел ќе ја изведе насловната нумера за новиот Џејмс Бонд филм

Бетмен симнат од врвот поради Борн

Оскарите со нешто ново за 2013

Пронајдете не на следниве мрежи: