Србија сака да извезува струја

Српската министерка за енергетика Зорана Михајловиќ оцени дека би било лудо да се продава компанијата Електростопанството на Србија (ЕПС), која е во состојба целосно да произведува електрична енергија за домашни потреби, па дури и за извоз.

„ЕПС е единственото што и остана на Србија. Намерата е Србија целосно да произведува струја сама за себе, но и за извоз“, изјави Михајловиќ за Б92, оценувајќи дека би било лудо доколку власта би посегнала кон продажба на оваа државна компанија .

Михајловиќ сепак констатираше дека ЕПС е во сериозни проблеми, за што го обвини поранешното раководство, но изрази уверување дека компанијата може да се крене на нозе.

„Во изминатиот период струјата беше набавувана преку посредници, што и не би било толку страшно бидејќи многу држави го чинат тоа, но ние моравме да изградиме инфраструктурни објекти, што не е направено во изминатите 27 години“, рече Михајловиќ.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: