Игор Џамбазов заврши со лисици на рацете!

Македонскиот шоумен Игор Џамбазов заврши со лициси на рацете. Да, да добро прочитавте! Апсењето се случи на домашен терен!
Игор за среќа не заврши зад решетки, туку остана само во домашен притвор и тоа благодарение на малата Хана, ќерката на Тамара Тодевска која сакаше чичко Игор да го внесе во својот детски свет.
Хана сакаше да биде полицајка, а за натрапник не сакаше кукла или слична играчка, туку жив субјект, а тоа беше токму чичко Игор со кого таа другарува од раѓање.


Мама Тамара и чичко Игор очигледно имаа супер забава со Хана, а колку време траел притворот, не знаеме, но сигурно на уапсениот и не му било така лошо.
Овој момент мораше да се овековечи со фотографија која тие ја објавија на Инстаграм.
Инаку, Хана уште од мали носе покажува афинитети кон пеењето, ги знае песните на мама Тамара и се почесто покажува знаци дека ќе тргне по нејзините стапки.
Но никогаш не се знае, полицајка, пејачка или нешто сосема друго, останува времето да покаже.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.