Лансирана ракетата на приватната компанија SpaceX со продукти за ISS

Loading...

Ракетата Falcon 9 со капсулата Dragon без екипаж, во сопственост на приватната компанија SpaceX е лансирана во неделата по локално време од американскиот вселенски центар Кејп Канаверал вселенскиот центар за товар Меѓународната вселенска станица (ISS) којашто остана без снабдувањето откако САД ги пензионираше ракетопланите.

Ракетата со должина од 48 метри којашто ја изгради компанијата „Space Exploration Technologies (SpaceX)“ е лансирана од Кејп Канаверал во неделата навечер по локално време кон ISS кој кружи на околу 400 километри над Земјата.

„Ова е клучен настан за NASA и оваа земја. Мина само малку повеќе од една година од пензионирањето на ’спејс шатлите’, а веќе се вративме на лансирањата од американска територија“, изјави Чарлс Болден, директор на програмата во американската агенција за вселенски истражувања.

И покрај проблемите со едниот мотор во текот на десетминутното искачување кон орбитата, капсулата била доставена точно на предвиденото место, соопшти претседателката на компанијата „Space-X“, Киан Шотвел.

„Falcon 9 е направен така што може да ги загуби моторите и се уште да ја извршува мисијата, така што е направено тоа што требаше. Ќе учиме од нашите летови и ќе настојуваме да го подобриме леталото“, изјави Шотвел.

Капсулата до Меѓународната вселенска станица чијашто се проценува  на околу 100 милијарди американски долари, треба да пристигне до среда.

Приватната компанија „Space Exploration Technologies“ во мај изведе успешни тестови што и отвори пад за почетокот на реализацијата на договорот со вредност од 1,6 милијарди долари за 12 летови со товар за ISS за потребите на NASA.

Товарната капсула Dragon носи околу 400 килограми храна, облека, материјали за научни експерименти и други продукти за станицата. Во товарот се наоѓа и фрижидер за пренесува медицински примероци и сладолед од чоколадо и ванила за екипажот на станицата.

Од минатата година кога NASA ги приземји ракетопланите се сврти кон приватниот сектор за развој и пренос на товари на ISS, а сега има намера тоа да го стори и со пренесување на екипажи за станицата.

За разлика од повеќето руски, јапонски и европски товарни летала коишто досега вршеа доставување на товари за ISS, Dragon е направен за на Земјата да се врати неоштетен, односно да не согори во атмосферата, така што за потребите на научните експерименти на земјата може да врати научни материјали и опрема.

Капсулата Dragon од ISS кон Земјата треба да тргне на 28-ми октомври и да падне во водите на Пацификот, пред брегот на Калифорнија.

Компанијата Space-X им уште еден договор со NASA за доработка на Dragon за да може да превезува и луѓе. И американските компании „Boeing“ и „Sierra Nevada Corp“, исто така, ја имаат поддршката на NASA за развој на транспортни летала за човечки екипажи на ISS. NASA ја ангажираше и компанијата „ Orbital Sciences Corp“ за превезување товар до Меѓународната вселенска станица, чијашто ракета „Antares“ својот прв лет би требала да го изведе до крајот на 2012 година.

Макфакс

loading...
Loading...