Австријците против понатамошно ширење на ЕУ по влезот на Хрватска

По влезот на Хрватска во Европската унија (ЕУ) во средината на 2013 година, Австријците се против прием на нови земји во Унијата, покажа истражувањето на јавното мислење објавено во понеделник.

Австријците најмногу го одбиваат пристапувањето на Албанија, 68 се против, а само 15 за, додека остатокот се без мислење. На влезот на Косово се противат 66 отсто, за се 16 отсто, на Турција 65 отсто се против, додека 17 отсто се за.

Што се однесува за Србија, против влезот на оваа земја во Унијата се изјасниле 61 отсто од Австријците, додека 19 отсто би ја прифатиле, покажуваат резултатите што Друштвото за социјални истражувања го обави за Австриското друштво за европска политика.

Речиси исто така негативно испитаниците гледаат на влезот на БиХ во ЕУ, 58 се против, а 22 отсто одобруваат. За Македонија да влезе во Унијата, поддршка има од 20 отсто, додека 55 отсто се противат, исто како и за Црна Гора.

Испитаниците се најнаклонети на влезот на Исланд, 33 отсто се за, додека 37 отсто одбиваат.

Испитувањето е извршено телефонски на 501 Австриец.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: