Хрватската фудбалска репрезентација под раководство на селекторот Игор Штимац, официјално ги започна подготовките за квалификациските натпревари против Македонија и Велс.
Штимац заедно со фудбалерите на Севилја и Хамбургер, Иван Ракитиќ и Милан Бадељ, во понеделникот ја имаше првата средба со новинарите.
„Оптимисти сме сите играчи се тука. одиме во Скопје со максимални очекувања. Противникот и неговиот терен е незгоден за нас. Но ние сме сконцентрирани на Македонија и се надеваме дека ќе се створи една добра атмосфера во репрезентацијата која е ќе ни биде исклучително важна да стигнеме до победата“, рече Штимац.
Хрватскиот селектор е задоволен од формата на играчите, според него на септемврискиот меч во Загреб многумина од нив биле физички преоптоварени.
„Сега ситуацијата, за разлика од тој натпревар, е многу подруга, нашите играчи играат добро, недостига малку свежина, но ќе поработиме на тоа овие денови“, заклучи Штимац.
Натпреварот со Македонија и покрај победата не го памети по добро Ракитиќ, тој беше заменет на полувремето, по што го загуби првотимскиот статус.
„Секако дека ќе се вратам во првиот тим. Сите кои ќе патуваат во Македонија ќе сакаат да играат, ќе сакаат да бидат меѓу стартните единаесет. Лично ќе сторам се за да вратам во првиот тим“, изјави играчот на Севилја.
Сериозен кандидат за место во првиот тим е довчерашниот капитен на Динамо Загреб, сега играч на Бундеслигашот Хамбургер, бадељ.
„Македонците можеби не се од првиот или вториот ешалон на европскиот фудбал, но заслужуваат респект и ништо повеќе. Поразот ним не им одговара исто како што нам не ни одговара“, рече Бадељ.
Македонија и Хрватска, во Скопје ќе играат на 12. октомври, мечот ќе започне во 20:30 часот. Четири дена подоцна Македонија ќе ја пречека Србија, додека Хрватска ќе му биде домаќин на Велс.
Макфакс
извор: index.hr
Пронајдете не на следниве мрежи: