Вардар побара одложување на мечот со Пелистер

 

Вардар од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) побара одложување на првиот натпревар од четвртфиналето на купот со Пелистер.

Во Вардар на ваков чекор се решија, откако селекторот на репрезентацијата за престојните натпревари со Хрватска и Србија, реши во националниот тим да повика двајца играчи од овој клуб, Драган Ѓорѓиев и Остоја Стјепановиќ. 

Комесарот за натпревари при ФФМ во рок од 48 часа треба да определи друг термин во кој ќе се одигра натпреварот. 

Првично, првото четвртфинално соочување на Пелистер и вардар беше закажано за в недела на 14. октомври.

 

Макфакс

извор: fk vardar.mk

Пронајдете не на следниве мрежи: