Кога станува збор за љубовта сите имаат по нешто да кажат. Дури и ако никого не прашувате за совет, секогаш ќе се најде некоја добра душа да ве посоветува нешто. Сепак, без оглед на добрите намери, може да се случи ти совети да ви го згорчат вашето размислување за љубовта…Еве неколку митови за ‘вистинската’ љубов, кои би требало да ги избегнувате:
Секој од нас има само една сродна душа:
Дури и ако верувате во филозофијата дека постојат сродни души, и ако сте ја имале среќата да ја најдете својата, не треба да размислувате многу околу таа тема. Затоа што секогаш, ќе најдете нешто кое ќе ви пречи па оттука, полека ќе се откажете од љубовта. За ништо во животот не постои само една шанса, така е и во љубовта.
Ако сте ја пронашле ‘вистинската’ или ‘вистинскиот’, никогаш нема да се карате:
Во никој случај! Дури и луѓето кои бескрајно се сакаат, понекогаш се расправаат и тоа во никој случај не значи дека тие имаат проблеми во врската. Најчесто проблеми во врската имаат оние кои во друштво секогаш се фалат дека немаат проблеми и дека секогаш се сложуваат. Тоа е еден начин да избегаат од реалноста, со тоа што ќе покажат пред другите дека живеат во бајка.
Ако се сакате, ќе ве интересираат исти работи:
Размислете сериозно! Каква врска со љубовта би имало тоа што вие сакате да читате книги, а тој би уживал во гледање фудбал? Никаква секако…Станува збор за хоби и интереси кои ги имате стекнато уште пред да го сретнете него/неа. За здрава врска, најважно е и двајцата да правите работи кои ве исполнуваат, и ниту вие ниту вашиот партнер да ве ограничува во вашите активности кои ве прават среќни. Еден од најефикасните начини да ја уништите врската е да го терате вашиот партнер се да правите заедно, и секаде да се појавувате како пар.
Ако ја пронајдете вистинската љубов, никогаш нема да бидете тажни:
Животот е полн со подеми и падови. Тоа што некого сакате со целото срце, не би ги елиминирало автоматски останатите проблеми. Она што е најважно е да во тие моменти, имате некој важен покрај себе кој би ви помогнал во тие тешки денови. Кога би знаеле дека вашиот партнер би бил покрај вас и дека нема да му биде ‘тешко’ тоа што ќе ве ислуша и се обиде да ви помогне, сите проблеми ќе ги пребродите полесно. Тогаш нема да има потреба да се заклучувате во тоалет и да плачете затоа што вашиот партнер ве видел како плачете и сте имале момент на слабост.