Убиен лидерот на картелот Зетас во Мексико

Лидерот на нарко картелот Зетас, во Мексико, Хериберт Лазкано, наводно е убиен во престрелка со мексиканските маринци на северната граница на државата Коахуила, соопшти мексиканската морнарица.

Ако се потврди смртта на Лазкано, тоа ќе биде голем успех за мексиканскиот правен систем, и ќе означи крај лидерот на еден од најкрвавите светски картели.

Според морнарицата, има силни индикации дека телото на еден од двајцата убиени мажи во престрелката во неделата е Лазкано, познат како Ел Лакзка.

Но, додаваат дека уште форензички тестови ќе бидат направени за да се потврди идентификацијата.

„Информацијата излезе откако се направени првите форензички тестови кои сугерираат дека едно од телата е на Хариберто Лазкано“, стои во изјавата на морнарицата.

Зетас картелот е основан од дезертери од елитната армиска единица, кои ги имаат направено најкрвавите масакри во Мексико, најголемите бегства од затвор и најголемите напади врз властите.

Лазкано, познат и како Ел Вердуго или Егзекутерот исто така е познат по неговата бруталност, а се сомничи за многу убиства, вклучително и убиството на Франциско Ортиз Франко, уредник на неделник од Тихуана, во 2004 година, кој известувал за шверцот со дрога.

Ортиз Франко беше убиен со пиштол пред неговите две деца кога излегувал од клиника.

САД има понудено награда од пет милиони долари, а Мексико уште 2,33 милиони за информација што би довела до апсење на Лазкано.

Престрелката се случила во областа Прогресо, Коахулиа, на 125 километри од границата со Тексас.

Морнарицата вели дека добиле поплаки за вооружен човек во областа, па отишле во патрола да проверат.

Но, човекот фрлил гранати кон патролното возило од возило во движење, при што повредил еден маринец, чиј живот не е загрозен.

Маринците успеале да убијат двајца вооружени кои ги нападнале, а за еден од нив се смета дека е Лозкано.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: