Обама ја загуби предноста пред Ромни

Американскиот актуелен претседател и кандидат на демократите, Барак Обама ја загуби предноста во анкетите во однос на републиканскиот противкандидат Мит Ромни, по минатонеделната телевизиската дебата, покажуваат националните анкети објавени во понеделникот институтите Gallup и Pew.

Иако овие резултати не ги прејудицираат резултатите од изборите закажани за 6-ти ноември годинава, се чини дека остриот пад на популарноста на актуелниот американски претседател Барак Обама ги потврдува негативното мислење за неговиот настап во минатонеделното телевизиско соочување со Мит Ромни во Денвер.

Во таа телевизиска дебата, прва од трите коишто ќе се одржат до 22-ри октомври, Обама беше во дефанзива и во сенката на Ромни кој покажа борбеност, што малку кој од аналитичарите го очекуваа.

Во анкетата на Gallup, објавена во понеделникот, Обама и Ромни се изедначени, односно секој добива 47 отсто, иако актуелниот претседател пред дебатата имал предност од четири до шест процентни поени. Според друга анкета Gallup, 72 отсто од испитаниците сметале дека во телевизиската дебата Ромни бил подобар.

Анкетата, пак, на институтот Pew, објавена во понеделникот попладнето ја потврдува ваквата тенденција. Имено Обама од средината на септември изгубил пет процентни поени во анкетите за гласање на изборите, а Обама добил четири процентни поени. И двајцата кандидати имаат по 46 отсто гласовите на регистрираните избирачи.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: