Дефанзивецот на Наполи, Салваторе Ароника, во неделата, по натпреварот Наполи-Удинезе физички го нападнал новинарот Антонио Корадо.
Додека, во микс зоната, давал изјава, Ароника го забележал новинарот, се доближил до него му удрил две шлаканици, а потоа му рекол дека ќе го убие. По неколку минути 34-годишниот Ароника им се извинил на сите, вклучувајќи го и новинарот Корадо.
Причината за ваквото однесување на Ароника бил коментарот кој Корадо го напишал на својот Твитер профил пред три недели, кога Наполи со 3:1 ја победи Парма.
„Добри вести: три бода, величенствениот Пандев, прв гол на Инсигне за Наполи и несреќниот Ароника“, напишал новинарот алудирајќи на грешката на дефанзивецот по која Парма го постигна единствениот гол.
Макфакс
извор: б92
Пронајдете не на следниве мрежи: