Челникот на НАТО во вторникот изјави дека 28-членото воен сојуз има подготвени планови за одбрана на Турција од напади од страна на Сирија, доколку тоа биде потребно, меѓутоа изрази надеж дека двете земји ќе најдат начин да ја сопрат ескалацијата на тензиите.
Амбасадорите на земјите членки во НАТО на вонредната седница минатата седмица на Турција и’ изразија поддршка откако сириски минофрлачки гранати паднаа во пограничната област со Сирија, при што загинаа пет а беа ранети 11 цивили. Тоа беше најсериозниот инцидент во прекуграничното насилство од почетокот на бутното на сириската вооружена опозиција против претседателот Башар ал-Асад, при што Турција и Сирија речиси секојдневно разменуваат артилериски оган.
„Ги имаме подготвено сите потребни планови за заштита и одбрана на Турција доколку тоа биде потребно“, изјави генералниот секретар на НАТО Андерс фог Расмунсен за медиумите пред состанокот на министрите за одбран на земјите членки на алијансата во вторникот во Брисел.
Расмунсен притоа ја пофали владата на Турција, којашто е член на НАТО од 1952 година, за нејзината воздржаност и рече дека се надева оти двете страни ќе ја избегнат ескалацијата на инцидентите.
„Очигледно е дека Турција има право да се брани според меѓународното право,. Би додал дека Турција, очигледно, може да се потпре на солидарноста на НАТО“.
Пронајдете не на следниве мрежи: