Нашиот каратист Дејан Црничиќ го освои третото место на Медитеранското првенство што се одржа во Тузла.
Во првото коло Црничиќ се натпреваруваше со репрезентативецот на Турција, поведе со 1-0 но на крајот на борбата резултатот бил 1-1, и по одлука на судиите нашиот каратист го загуби мечот со изјаснување.
Според информациите, противникот на Црничиќ бил европски првак и мината година трет во свет.
Во второто коло, Црничиќ се сретна со Хрватскиот каратист кој го победи со 4-0.
Третата борба нашиот каратист ја имаше со противник од Црна Гора за трето место, Црничиќ го доби мечот со 5-1.
На првенството во Тузла се натпреваруваа каратисти од Србија, Хрватска, Црна Гора, Словенија, Италија, Франција, Кипар, Македонија и БиХ.
Фото: Дејан Црничиќ (втор од лево)
Пронајдете не на следниве мрежи: