Хрватска компанија доби зделка 2,9 млн. евра од македонско министерство

Хрватската компанија King ICT објави дека во конзорциум со својата компанија од Скопје и компанијата Aktivis склучија договор со македонското Министерство за информатичко општество и администрација вреден 2,9 милиони евра.

Станува збор за надоградба, одржување и поддршка на Системот за управување со документи, соопшти загрепската компанија на својата веб страна.

Конзорциумот составен од компаниите King ICT и Aktivis победи на јавното наддавање и  склучи четиригодишен договор со македонското министерство, кое на тој начин ќе изврши автоматизација и модернизација на своите работни процеси.

Ваквото решение предвидено е да го користат и дваесетина државни институции, министерства и агенции, односно околу 10 илјади Македонци.

Предвидено King ICT покрај решението за електронско управување на документи да им овозможи на македонските корисници да прераснат во ефикасни и транспарентни институции, се вели во соопштението на компанијата.

Во секој момент  министерот или друго одговорно лице ќе може од својот компјутер да следи како се решаваат предметите, кој работи на нив и дали се пропуштени роковите, што се очекува да влијае на квалитетот и брзината на решавањето на одреден предмет.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: