Продавница само за левучари

Loading...

Левораката германка Франциска Шмит, им го олеснува животот на луѓето како нејзе, продавајќи производи наменети исклучиво за левучарите.

Франциска Шмит работи се со лева рака, затоа што поинаку не може.

„Многумина велат дека тоа изгледа чудно, но јас од мала сум левучар и никогаш не научив да работам поинаку. Воопшто не можам да замислам да работам нешто со десна рака“, вели Шмит за Дојче Веле.

Идејата да отвори онлајн фирма за испорака на производи за левучари и дошла пред четири години.

Студирала биологија, но како експерт за луѓе што се работат со лева рака сега измислува производи кои им го олеснуваат животот на левучарите.

Никој никогаш не ме присилувал да не ја користам левата рака. Тоа е супер, затоа што само што ќе помислам нешто да направам со десна рака ме заболува желудникот и не ми е добро“, вели Шмит.

„Левучарите се радуваат што конечно можат да набават производи наменети за нив. Оваа работа ми причинува задоволство и потполно се идентификував со неа, додава Шмит.

Преку интернет таа нуди повеќе од 300 предмети за левучари. Два пати недело ги изложува и на тезга во Хамбург. Најмногу се продаваат џепни ножеви, отворачи за шишиња, ножици, грицкалки за нокти.

Живее од продажбата на постојани клиенти, но и туристите купуваат кај неа.

„Имам црпалка за левучари, што значи дека ја држам в рака, а потоа можам да ја фатам сосема нормално, затоа што не е завртена нанадвор, туку навнатре. Така е многу поедноставно“, вели Шмит.

Има дури и метро поинакво од другите. „Кога ќе го земам со лева рака, бројките се редат  така како што треба“.

Децата најмногу бараат острилка за моливи, на која ножот е свртен на другата страна.

Денес нејзините производии порачуваат клиенти не само низ цела Европа, туку и од Јужна Америка.Сака да измисли уште нешто посебно за левучарите. Фотоапарат, чие копче за фотографирање би било на левата страна, а не на десната како кај стандардните.

Макфакс

loading...
Loading...