Американскиот републикански конгресмен Пол Брун, член на комисијата за наука во Претставничкиот дом, ја отфрла теоријата за еволуцијата, теоријата за Големиот тресок и ембриологијата како лаги кои доаѓаат директно од пеколот.
Како што пишува британскиот бесник The Guardian, конгресменот Пол Брун, кој е претставник на американската сојузна држава Џорџија, споменатите забелешки ги направил во текот на неговиот говор во една баптистичка црква.
Брун, инаку лекар по професија, изјавил дека како научник пронашол податоци кои покажуваат дека Земјата не е постара од 9.000 години, како и дека е создадена за шест дена. Науката, пак, смета дека Земјата е стара 4,5 милијарди години.
Американскиот конгресмен, исто така, рекол дека теориите во врска со потеклото на Вселената и еволуцијата претставуваат „лаги со коишто се настојува мене и сите луѓе коишто тоа го проучувале да не задржат подалеку од разбирањето дека ни е потребен Спасителот“.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: