Ти Мек се сели во Кина

 

Еден од најпознатите играчи во НБА лигата, Трејси Мекгрејди, кариерата ќе ја продолжи во Кина, во екипата на Џингдао Иглс. 33-годишниот Мекгрејди со оваа екипа потпишал едногодишен договор.

Популарниот Ти Мек 15 години мина во НБА лигата настапувајќи за Торонто, Орландо, Хјустон, Њујорк, Детроит и Атланта. Мекгрејди седум пати бил учесник на „Ол стар“ натпреварите, два пати бил најдобар стрелец во лигата, а два пати бил дел од најдобрата петорка во НБА. 

Последните неколку сезони не играше многу поради хроничната повреда на колената. 

„Понекогаш во животот ви се пружаат неочекувани можности. Една таква затропа на мојата порта. Му се радувам на предизвикот и на новото поглавје во мојот живот“, изјавил Ти Мек, кој додека беше дел од Хјустон станал голем пријател со Јао Минг. 

Поради својот пријател Мекгрејди неколку пати бил во посета на Кина. 

„Ја сакам Кина и нејзините жители. Секогаш се насмеани. Со гордост ќе играм за Иглси“, рекол Мекгрејди.

 

Макфакс

извор: хина

Пронајдете не на следниве мрежи: