Македонските ракометни екипи, Вардар и Металург, забележаа победи во четвртото коло, во регионалната СЕХА лига.
Вардар, кој ја брани титулата во ова натпреварување, на домашен терен во СРЦ Кале, го прегази тимот на Извиѓач со 41:23. Со оваа победа „црвено-црните“ се искачија на лидерската позиција во лигата.
Металург, со подмладен тим, до втората победа оваа сезона во СЕХА лигата стигна во Добој, каде ја порази домашната Слога со 26:23.
Вардар и Металург викендов ќе имаат обврски на европската сцена. Металург во рамките од третото коло, во Лигата на шампиони ќе гостува кај Силкеборг, додека Вардар во ЕХФ купот, во Чешка ќе гостува кај Ловосице.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: