Рекорден број пријави за Оскар за најдобар странски филм

Американската Академија за филмски уметности и науки примила рекорден број пријави за натпреварувањето за Оскарот за најдобар странски филм, категорија за којашто свои филмови годинава пријавија дури 71 земја, меѓу кои и од Македонија. 

 

Годинава Друштвото за филмски професионалци на Македонија, како асоцијација овластена од страна на Американската академија за филмски науки и уметности, го направи изборот за национален македонски кандидат за наградата Oскар за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје, при што филмот „Трето полувреме“ на Дарко Митревски е овогодишен македонски кандидат за наградата Оскар за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје.

 

Македонската комисија избираше меѓу филмовите „Трето полувреме” на Дарко Митревски, во продукција на Кино око, „Жената која ги избриша солзите” на Теона Стругар Митевска, во продукција на Систерс енд Брадр Митевски и „Скопје Ремикс” на група режисери, во продукција на Ново македонско видео. Филмот „Балканот не е мртов” на Александар Поповски, во продукција на Кино око,  од технички причини навремено ја повлече својата кандидатура.

 

Еден од кандидатите фаворити за ова престижно признание е австрискиот филм е „Љубов“ на режисерот Мкаел Ханеке, инаку  добитник на Златната палма на годинешниов Филмски фестивал во Кана во кој Емануела Рива и Жан-Луј Трентињан ги толкуваат улогите на повозрасна брачна двојка кој се соочува со влошување на здравствената состојба на сопругата. 

 

Меѓу номинираните се издвојува и „Nairobi Half Life“ на кенискиот режисер Дејвид Тош Гитонге, кој е прв филм кога и да е номиниран од Кенија.

 

Од Франција номиниран филмскиот хит „Недопирливи’ на режисерите Оливие Накаше и Ерик Толедано, , прогласен за најдобар игран филм според оцените на годинешниот Сараевски филмски фестивал на кој учествуваше и  „Жената која ги избриша солзите” на Теона Стругар Митевска. 

 

Шведска го номинираше филмот „Хипнотизер“ на режисерот Ласе Халстром кој во 1999 година го режираше „Домашни правила“ кој освои два Оскара и беше номиниран во категоријата за најдобар филм на годината со уште други четири номинации. Фолмот „Хипнотизер“ зборува за детектив кој ги здружува силите со позната лекарка психолог за да го реши случајот на брутално повеќекратно убиство што вклучува малд трауматизиран сведок на злосторството.

 

Во конкуренција за Оскар од неанглиското говорно подрачје е и норвешкиот филм „Кон-Тики“ во режија на Јоакин Ронинг и Еспен Сандберг, што всушност претставува филмувана хроника на славната експедиција предводена од Тор Хејердахл која пловеше на сплав преку Пацификот во 1947 година, во намерата да докаже дека предисториските народи од Јужна Америка можеле да ја населат Полинезија, односно дека е техничко можно да се преплови тоа растојание преку Тихиот Океан исклучиво со помош на материјали и технологија од тој период.

 

Инаку во знак на протест поради антисиламскиот филм „Невиноста на муслиманите“ направен во САД кој откако беше поставен на YouTube предизвика насилни протести низ целиот муслимански свет, за наградата Оскар за странски филм годинава не е номиниран неден филм од Иран.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: