Иран бара од Интерпол апсење на Трамп
Државниот обвинител на Иран Али Алкасимер денеска изјави дека Трамп заедно со 30 други лица се одговорни за убиството на генералот Касем Солејмани и поради тоа против него е поднесено обвинение за „убиство и тероризам“.
Алкасимер не посочи други имиња во изјавата, но истакна дека Техеран ќе продолжи да го гони Трамп дури независно од реизборот за претседател на САД.
Издадена е „црвена потерница“ за Трамп, врз основа на кој, според правилата на Интерпол, локалните власти можат да апсат осомничени, но не мора.
Пронајдете не на следниве мрежи: