Анализа: Нема притисок врз фудбалерите, опуштено и сконцентрирано против Хрватска

Навидум, психолошката војна меѓу Штимац и Јаневски е вон овој натпревар, барем така спомна нашиот селектор, наведувајќи дека ќе се погрижат за тоа само како би им се спротиставиле на Хрватите, односно ќе се разговара со фудбалерите за тоа како треба да се одигра, додека пак за тоа како Хрватите би одиграле, како би тактизирал Штимац, за селекторот на Македонската репрезентација тоа е во втор план.Што во превод тоа би значело…

Јаневски, очигледно е дека нема притисок врз него, по логика на нештата, тоа е добро, бидејќи кога нема притисок врз селекторот, тоа би значело и дека фудбалерите се целосно опуштени и сконцентрирани, тоа е добра можност за целиот национален тим во пресрет на овој дуел.

Според тоа како се одвиваат работите во нашиот национален тим, иако Македонската публика очекува бодови од претстојниот меч со Хрватска, сепак впечатлив е фактот дека репрезентативците не чувствуваат никаков притисок, што може да биде клучен фактор за натпреварот.

Преоѓаме на главната тема, односно можниот состав на Македонија со кој нашата селекција би се спротиставила на Хрватската…

1. Голманската позиција е секогаш знак прашалник кога станува збор околу името на голманот кој би бранел на одреден натпревар, бидејќи токму на оваа позиција имаме огромна конкуренција. Би прогнозирале дека прв голман за овој меч би бил Богатинов.

2. Одбраната, тука се чини дека е се јасно, четворица треба да бидат во одбранбениот ред Горан Попов, Николче Новески, Ванче Шиков и Даниел Георгиевски.

3. Среден ред, тука се чини Јаневски ја форсира играта на Никола Глигоров и Мухамед Демири, со мала неизвесност да го вметне Дарко Тасевски во средниот ред на местото на еден од претходно споменатите двајца репрезентативци. Крилните-напаѓачки позиции се чини дека се јасни, лево би требало да напаѓа Иван Тричковски, односно десно Агим Ибраими. Местото „полушпиц“ е сосема сигурно дека би му припаднало на Горан Пандев, бидејќи тој на мечот со Шкотска на гости играше веднаш зад Ивановски, одличните игри на таа позиција се доволна причина да повторно Пандев игра на таа позиција, освен доколку дојде до предомислување на селекторот, што тешко би се случило.

4. Нападот, мала неизвесност е дали Стевица Ристиќ или Мирко Ивановски ќе го започнат мечот на таа позиција. Станува збор за позиција која ротираше во овие два натпревари со Шкотска, односно Хрватска. Имено, на првиот натпревар со селекцијата на Хрватска, селекторот му даде шанса на Ристиќ, подоцна беше заменет во 80-тата минута со Мирко Ивановски. Веќе наредниот натпревар, на гостински терен со Шкотска, Ивановски го одигра целиот натпревар. Дефинитивно поделени се мислењата околу тоа кој да биде стартер на оваа позиција, но едно е сигурно, и Ивановски и Ристиќ се и повеќе од квалитетни да одиграат солиден натпревар против Хрватска.

Како би изгледала формацијата… (исто како на натпреварот со Шкотска на гостински терен, со знак прашалник на напаѓачката позиција)

 

Пронајдете не на следниве мрежи: