Чудовиште со 950 КС – Ferrari ZXX

Loading...

 Германската тјунинг куќа, Edo Competition, минатата година претстави изузетно редок култен Ferrari Enzo, наречен Edo Enzo XX.

Автомобилот вреден 1.2 милиони евра, на голема жалост на љубителите на егзотични автомобили, во текот на трката во Канада, излета од патот и заврши во Атлантскиот океан.

Италијанското „чудовиште“ со 840 КС под хаубата е вратен во Германија каде што вештите тјунери ја започнаа неговата поправка. Во текот на процесот, решиле да направат нешто многу повеќе, а тоа е да го претворат во уште појaка машина.

Во ова Ferrari вграден е 6.3 литарски V12 мотор, при што е за 110 додатни „коњи“ повеќе од претходната машина. До „стотка“ може да забрза за 3.2 секунди и неговата максимална брзина е 390 км/h. 

 

loading...
Loading...