Почна како првоаприлска шега, но сега тоа е вистина! Фабрика за правење пиво од САД објави дека го направила тоа што ветила дека ќе го направи-пиво од тестиси на бик! Тоа ново пиво, веројатно со уникатен вкус, го направила фабриката Wynkoop Brewer Company од Денвер во сојузната држава Колорадо. Пивото се вика Rocky Mountain Oyster Stout. Иако пивото е инспирирано од првоаприлска шега кога токму таа фабрика тврдеше дека ќе направи такво пиво, сега тоа е вистина. Пивото го опишуваат како самоуверено stout пиво, слично на увезените со длабока кафеава боја. Од интересните состојки, во пивото се наоѓа и арома на чоколаден сируп, cahlua (мексикански ликер со вкус на кафе) и еспресо. Инаку во Колорадо, како традиција се смета печењето на бикови и јадење на нивните тестиси. Пивото ќе се најде во продажба од крајот на октомври.
Прочитајте ги и следниве статии:
Современа куќа за секој маж
Angry Birds во Star Wars верзија
Лондон со аеродром над вода
Пронајдете не на следниве мрежи: