Македонската алпинистка Илина Арсова која се подготвува за освојување на највисокиот врв на светот Монт Еверест беше избрана меѓу 17-те надежни спортистки во светот, програма која што ја реализира Стејт департментот на САД.
Целта на програмата на која што учествуваше македонската алпинистка е обединување на женските спортски лидери од разни делови на светот кои што имаат за цел да влијаат врз зајакнување на женските лидерски способности преку спортската активност. Проектот се спроведува на иницијатива на државниот секретар на САД Хилари Клинтон.
„Оваа програма за прв пат беше лансирана и финансирана од државниот врв на САД и за соработка вклучуваше битни женски фигури од спортската индустрија, државни претставници и разни партнерски организации кои се бават со промовирање и менаџмент на надежни спортисти. По номинација на Американската амбасада во РМ, по неколку кратна селекција од вкупно стотина апликации од целиот свет, бев одбрана во финалните 17 надежни женски спортски лидери кои имаа чест да учествуваат на оваа програма. Некои од нас беа директно инволвирани во спорт, други пак се занимаваа со спортски менаџмент, спортски репортери или претставници на Олимписките комитети и министерства од разни земји. Европски претставници беа само Македонија и Русија“, вели Илина Арсова после посетата на програмата.
Илина Арсова во моментов работи на проектот „Прва Македонска жена на Монт Еверест“, подвиг кој што треба да се случи следната пролет во периодот од април до мај.
Претходно Арсова ги има освоено речиси сите највисоки врвови од другите континенти во светот.
Макфакс
извор: Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: