Ники Џонда од Њу Орлеанс настапи неделата во американската верзија на квизот „Кој сака да биде милионер“, каде што требаше да одговори на едноставно математичко прашање за да ја помине првата препрека.
Младата натпреварувачка се обиде да ја победи тремата со осмех но, меѓутоа нејзиниот мозок се блокираше. Држејќи ја раката на своето чело, таа го напушти студиото по три минути.
Прашањето гласеше: „Колкав е минималниот број на пакети со шест флаши пиво кои треба да се купат за на ѕидот да се стават 99 флаши“. Нејзиниот одговор бил 19, кој се разбира дека не е точен.