36 годишна велешанка уапсена во Ѓорче Петров – Оставила пет малолетни деца дома и заминала за Скопје

Полициски службеници од Полициската станица „Ѓорче Петров“ синоќа околу 02:05 часот по полноќ лишиле од слобода 36-годишна жена од Велес, поради тоа што претходно ги оставила своите 5 малолетни деца сами во домот, додека самата заминала за Скопје.

За настанот било известено јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР Велес.

Информацијата за напуштените малолетни деца и поради што се преземени полициски мерки, претходно била пријавена кај надлежните во Велес. Кога полициските службеници пристигнале во Ѓорче Петров, жената била уапсена на местото на настанот.

Пронајдете не на следниве мрежи: