Онлајн медиумот 360 Степени открива скандал кој произлегува од тоа дека кардиохирургот сашко Кедев се повлекол од комисијата за утврдување на непотребните кардиваскуларни интервенции заради некомпетентните членови во неа.
360 Степени објави дел од писмената оставка на Кедев, до која порталот дошол од извори од Министерството за здравство. Во оставката се наведува:
„Ве известувам дека се повлекувам од работата на здравствениот совет на Министерството за здравство, од причина што сметам дека започнатите контролни процеси треба да ги спроведуваат исклучиво компетентни кадри со веќе докажан стручен и професионален кредибилитет“, пишува Кедев во известувањето до министерот Алиу.
Од ова произлегува дека нема резултати во работата на комисијата на Министерството за здравство која треба да проучи дали имало скапи кардиоваскуларни интервенции кај пациенти на кои не им биле потребни.
Кедев: Стојам зад сè што кажав, злоупотребите треба да се расчистат
Клековски контра Кедев, Фондот нема пријави за непотребни операции
За оставката на лекарот што го инцираше ова и чии изјави предизвикаа вистинска бура во јавноста, кардиологот Сашко Кедев, претходно јави Канал 5. Како причина за повлекувањето во прилог на оваа телевизија беше наведен застојот во започнатите контролни процеси.
Известувањето за повлекување на Сашко Кедев од здравствениот совет е примено во Министерството за здравство на 23 јануари годинава. Во него Кедев наведува и дека се надева оти „јавното здравство ќе остане приоритет во политиките на Министерството за здравство“.
Како што е познато, освен првичните информации дека се утврдени индиции дека сепак се правеле непотребни интервенции на некои од приватните клиник, работата на домашната комисија остана само на тоа.
Иако беше најавена, засега нема потврда дали и кога ќе почне со работа комисијата со странски експерти за откривање на овој скандал.
Денеска на оваа тема реагираше и СДСМ кои прашаа дали Жан Митрев излезе со клеветата за Векон Филипче и Зоран Заев за власта да го повлече Кедев?



