Претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска, е осомничена и денеска ѝ беа определени мерки на претпазливост за случајот „Адитив“.
Како што дознава „360 степени“, до информациите се стигнало преку вештачење на телефоните на дел од обвинетите во случајот „Адитив“, а претседателката на Антикорупциска е осомничена за оддавање на службена тајна.
Од ОЈО ГОКК, за проширувањето на предметот „Адитив“ со Димитровска и уште двајца осомничени, повеќе детали најавуваат за утре.
Инаку, по тримесечна истрага, ОЈО ГОКК на 27 февруари до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен акт за случајот „Адитив“ кој се однесува на криминал во државната компанија „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ), тежок 6,5 милиони евра.