Гувернерот на Флорида Рик Скот на седницата на локалната власт објави број на кој граѓаните можат да добијат информации за ширење на смртносниот габичен менингитис, но по забуна оставил број на секси телефонска линија.
Јавната радио станица во Тампа, WUSF News го објави бројот на бесплатниот телефон на својата интернет страна, но набргу потоа еден читател ја информирал редакцијата дека на наведениот број може да се добие потполно друга услуга.
„Здраво дечки, благодарам што ме повикавте“, вели снимен женски глас при повикувањето на бројот.
Гувернеровата портпаролка изјави дека Скот по грешка дал грешен број во кој бил заменет редоследот на бројките, но дека грешката потоа била корегирана и сега е наведен точниот број.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: