Mozilla ја повлече верзијата Firefox 16 поради ранливост

Компанијата Mozilla поради софтверска ранливост привремено ја отстрани од својата страница за преземање најновата верзија на интернет пребарувачот Firefox 16, кој беше објавен во вторникот, информираше страницата на Mozilla.

Ранливоста којашто ја принуди Mozillaда го повлече својот продукт им овозможува на евентуалните напаѓачи со помош на специјално дизајнираната страница да добијат пристап до листата со интернет ресурси коишто посетителите на страницата ги користеле или посетувале претходно.

Според Mozilla, во нејзиниот продукт Firefox 16 програмерите, покрај реализацијата на цела серија нови функции, исправиле 14 недостатоци, од кои 11 се означени со статусот „критично“. Меѓутоа, истовремено во последната верзија на прелистувачот е откриена нова грешка којашто претставува закана за безбедност на корисникот, имено во верзијата Firefox 15 откривањето на ранливоста не се применува.

Специјалистите на Mozilla коишто работата на исправањето на грешката, соодветната надградба на компанијата планираат да ја издадат уште во четвртокот на 11-ти октомври. Засега нема пријави за злоупотреби на пропустот во најновиот продукт на Mozilla.

„Како мерка на претпазливост, корисниците можат да се вратат на верзијата 15.0.1“, изјави шефот на Mozilla за безбедност на производите Мајкл Коутс, цитиран во соопштението поставено на официјалната интернет страница на компанијата. Како опција Коутс им предлага на корисниците да го почекаат објавувањето на исправките коишто се однесуваат на ранливоста на верзијата.

Според соопштението на Mozilla поставено на англиската страница на компанијата се нуди за преземање верзија 15.0.1, но на другите јазични страници и по 10 часот по македонско време беше поставена проблематичната верзија Firefox 16.

Навремената корекција на софтверските грешки е од исклучително значење за програмерите на пребарувачот, бидејќи овие слабости, заедно со грешките во оперативните системи и другите софтверски грешки, претставуваат еден од главните начини за ширење на вирусите и хакерските напади.

Mozilla Firefox според податоците за септември, е на третото место меѓу најпопуларните прелистувачи, со удел од 22,4 отсто од глобалниот пазар, покажува анализата на статистичкиот сервис StatCounter.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: