Една 46-годишна жена од Хонг Конг почина, а три се борат за живот по третман во еден салон за разубавување, кој во услугите вклучува трансфузија на крвта.
Полицијата потврди дека жена на возраст од 46 година починала во средата изутрина од септички шок, а три други жени, на возраст од 56,59 и 60 години се во болница.
Сите четири жени неодамна биле подложени на сложена процедура на трансфузија на крвта во синџирот за разубавување DR, за што платиле по 6.400 долари.
Се огласи и посочениот салон, од каде соопштија дека докторот кој го извршил третманот на трансфузија, чија цел е подобрување на имунитетот и изгледот, го спровел лекар кој не бил вработен во компанијата.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: