МВР подготвува посебни безбеносни мерки за натпреварот Македонија-Хрватска

 

Министерството за внатрешни работи (МВР) ги информира граѓаните во врска со претстојниот фудбалски натпревар меѓу националните селекции на Македонија и Хрватска дека ќе бидат преземни посебни безбедносни мерки со цел непречено организирање и одигрување на истиот.

Натпреварот е закажан за во петокот во 20,30 часот на националната арена “Филип Втори“ во Скопје, 

Меѓу другото, во рамки на сообраќајниот режим, утре од 12 часот ќе биде затворен сообраќајот од крстосниците на улиците “Ленинова“ и “Јордан Хаџи Констанинов-Џинот“ кон фудбалскиот стадион, и ќе бидат пропуштани само возила со посебни пропусници. 

Исто така, во тој период ќе биде расчистен сообраќајниот и паркинг просто во непосредна близина на стадионот. 

Во периодот, пак, од 17 часот ќе бидат сообраќајно регулирани и приодите од булеварот Илинден кон националната арена, односно ќе се пропуштаат само возила со посебни пропусници и други итни потреби.

МВР апелира до граѓаните, особено оние коишто со возила ќе се упатуваат кон националната арена, во посочениот период од 17 часот да ги почитуваат сообраќајните правила и да ги паркираат своите возила на дозволени паркинг простори.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: